Јувентус прави пресметки, ако не се пласира во ЛШ, ќе загуби околу 55 милиони евра

Во Јувентус владее сериозна загриженост по новиот кикс во Серија А откако торинскиот гигант беше поразен од Фиорентина и остана без позиција која води во Лигата на шампионите.

Во последното коло, Старата дама ќе мора да слави во градското дерби против Торино, а истовремено да се надева и на киксови на директните конкуренти во битката за место меѓу најдобрите четири.

Влогот за Јувентус е огромен и не се однесува само на спортскиот аспект. Евентуален неуспех да се обезбеди пласман во Лигата на шампионите би значел и сериозен финансиски удар за клубот.

Освен сезоната 2023/24, кога поради одземени бодови остана надвор од елитното натпреварување, Јувентус редовно настапуваше во Лигата на шампионите уште од 2012 година. Во клубот добро се сеќаваат колкави финансиски последици донесе тогашното отсуство и колку тешко се стабилизира клубот по тој период.

Разликата во заработката е огромна. Во Торино не сметаат само на учество во Лигата на шампионите, туку и на настап длабоко во нокаут-фазата. Според пресметките на италијанските медиуми, разликата помеѓу пласман во осминафинале на Лигата на шампионите и, на пример, полуфинале во Лигата на Европа може да достигне и околу 55 милиони евра.

Токму затоа притисокот во клубот е огромен, а последното коло би можело да има клучно значење за иднината на Јувентус, и на теренот и надвор од него.

- Оглас -

Најнови вести