Примија 141 гол, останаа со минус шест бода на табелата, но не испаднаа

Екипата на Нојштранд имаше „луда“ среќа во несреќа и успеа да се спаси да не испадне од шестата лига во Германија. Тимот којшто имаше примено 141, а дадено само осум гола, имаше и минус од шест бода поради претходно заработена казна. Нојштранд успеа да се спаси од испаѓање и тоа благодарение на појавата на корона-вирусот.

Фудбалскиот сојуз на покраината во која игра Нојштранд реши дека првенството ќе се прекине и дека ниту еден клуб нема да испадне. На тој начин Нојштранд остана во оваа лига, без разлика на тоа што имаше негативна гол-разлика од 133. Од Нојштранд кратко прокоментираа дека опстанокот е заслужен.

„Екипата го заслужи тоа“, рече раководителот на клубот, Рајнер Гош.

За разлика од послабите лиги, во Германија одлучија Бундеслигата и Цвајте да се доиграат и треба да продолжат со натпреварите од 16 мај.

- Оглас -

Најнови вести