Принцот на Рим има корона-вирус – Тоти е во карантин со висока температура

Франческо Тоти е во карантин поради позитивен тест на корона-вирус, а според информациите од Италија, има висока температура и е изолиран во својата вила во Торино.

Принцот на Рим преживува тежок период откако пред неполн месец почина татко му по срцеви компликации, но и со симптоми на ковид-19.

Претходно и неговата мајка беше позитивна на ковид-19, но успеа да ја прегрми неизвесноста, а сега се претпоставува дека и сопругата на Тоти, Илари Блази, има сиптоми на корона-вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести