Пристигнаа од Австралија за да играат за Македонија – Чолаковски го предводи нападот, Божиновски ќе биде столб на одбраната против младите Французи (Фото)

Драган Канатларовски се одлучи за офанзивна формација 4-3-3 со која младата македонска селекција до 21 година ќе го почне мечот во Ле Ман против Франција од 18.30 часот.

Во првиот состав ќе дебитираат напаѓачот Чолаковски и стоперот Божиновски, кои пристигнаа од Австралија, каде што настапуваат, и ќе дебитираат за Македонија.

Кај Французите најголеми ѕвезди се новиот играч на Реал Мадрид, Камавинга, и напаѓачот на Гуири.

Против младата селекција на Франција игравме во квалификациите за ЕП 2017 година и токму во Ле Ман успеавме да ремизираме 1:1, потоа и во Скопје 2:2 и да се пласираме на првенството за првпат во нашата фудбалска историја.

 

- Оглас -

Најнови вести