Проблем е да излезете од автобус ако сте висок 221 сантиметар (Видео)

Валтер Таварес, центарот на Реал Мадрид, мораше да најде несекојдневен начин за да се симне по скалите од автобусот со кој дојде на божиќниот заеднички ручек на фудбалерите и кошаркарите на „Кралскиот клуб“.

Таварес, кој е висок 221 сантиметар, мораше да седне на скалите и со лизгање да се извлече од автобусот. Очигледно во вакви ситуации не е баш пријатно да се биде толку висок.

- Оглас -

Најнови вести