Проблем и за Ливерпул – Тијаго Алкантара е позитивен на ковид-19

Тијаго Алкантара не играше вчера против Арсенал во меч од третото коло во Премиер лигата, а причината е што има позитивен тест на корона-вирус.

Летното засилување на актуелниот англиски првак ќе мора да оди во карантин, а ќе пропушти најмалку два меча. Задутре нема да биде во составот на Ливерпул за новиот дуел со Арсенал, овојпат во Лига купот, а ќе отсуствува и на гостувањето во Бирмингам кај Астон вила на 4 октомври.

Алкантара пристигна во Ливерпул од редовите на Баерн и потпиша четиригодишен договор на 18 септември за сума од 20 милиони фунти, плус можни бонуси од 5 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести