Проблем помалку за Ѓоковиќ, Баутиста Агут е во аут

Канаѓанецот Васек Поспишил го совлада осмиот носител Роберто Баутиста Агут со 3-2 во сетови, и се пласираше во четвртото коло на Отвореното првенство на САД во тенис. Со оваа победа, тој му направи услуга и на првиот фаворит Новак Ѓоковиќ, кој само во финале можеше да се сретне со Баутиста, и сигурно дека немаше да сака да игра против него, после мачењето на Мастерсот минатата недела.

Баутиста вечерва водеше со 2-1 во сетови, но противникот направи пресврт.

- Оглас -

Најнови вести