Проблем за Барселона – Меси е повреден!

Лоши вести стигнуваат за Барселон,а и тоа на неколку дена до враќањето на шпанското првенство. Капитенот на каталонскиот гигант Лионел Меси е повредени. Според најавите, се работи за повреда на адукторот на десната нога, поради што Аргентинецот го прескокнал вчерашниот тренинг.

Засега не се знае точно колку е сериозна оваа повреда, но шпекулациите се дека Меси може да ги пропушти првите два меча на Барселона по враќањето на првенството. На 13 јуни Барселона ќе гостува кај Мајорка во рамките од 28-мото коло. Моментно актуелниот шпански првак е лидер на табеата со 58 бодови, два повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести