Ракометната репрезентација на Македонија се соочува со голем проблем со пресрет на клучните битки за пласман на Европското првенство. Во мај играме против Естонија на гости и против Литванија на домашен терен, а селекторот Кирили Лазаров нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите ракометари во нашата селекција, Марко Митев.
Дваесет и двегодишниот ракометар се повреди на дуелот против Словенија во Копер и на носилки беше изнесен од теренот, а првичните анализи покажуваат скинати предни вкрстени лигаменти на коленото.
Доколку и деталните прегледи ја потврдат оваа повреда, тогаш Митев го очекува пауза од шест до девет месеци, а тоа би значело дека оваа сезона за него е завршена, а можеби и почетокот на следната.
Ова е проблем и за екипата на Алкалоид бидејќи Марко Митев нема да биде во составот за четвртфиналните дуели од Европскиот куп против романската Баја Маре.