Проблем за Маурицио Сари во пресрет на осминафиналето во ЛШ

Победата над Бреша имаше своја цена. Предводникот на Јувентус Маурицио Сари се соочува со голем проблем на само 10 дена од првиот осминафинален дуел против Лион во Лигата на шампионите.

Со повреда на препоните се здоби Миралем Пјаниќ, организаторот на игра на Старата дама, а утре по медицинските прегледи ќе се потврди колку Босанецот ќе отсуствува. Пјаниќ го напушти теренот во 73-тата минута откако се пожали на болки.

Јувентус на 26 февруари ќе гостува кај Лион, додека реваншот во Торино е предвиден за 17 март.

 

- Оглас -

Најнови вести