Проблем за Милан: Ибрахимовиќ има настинка

Милан наиде на проблеми во пресрет на 22-то коло во кое ќе се соочи со Верона. Тренерот Стефано Пиоли потврди дека Златан Ибрахимовиќ е болен и речиси сигурно нема да игра утре, што е голем хендикеп за Росонерите.

Како што е познато Кжиштоф Пјонтек го напушти „Сан Сиро“ во последните денови од преодниот рок, па затоа на Пиоли му остана само еден напаѓач на располагање, тоа е младиот Рафаел Леао.

Покрај Ибрахимовиќ, ниту второто зимско засилување на Милан Симон Кјаер не е во можност за настап поради исти причини, повреден е и Круниќ, додека играчот за врска Бенасер е суспендиран.

Милан против Верона ќе се обиде да ја оствари четвртата последователна победа во Серија А со која би се вратиле во трката за едно од местата кои водат во европските натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести