Проблем за селекторот Андоновски, Американките речиси 30 години немале ваква црна серија

Женската фудбалска репрезентација на САД загуби во пријателски натпревар од Германија со 1-2 и тоа е трети пораз по ред за тимот на селекторот Влатко Андоновски.

Ваква црна низа од три порази едноподруго Американките немале уште од 1993 година. В недела повторно играат со Германија и црната низа може и да продолжи.

Сепак, ова се контролни мечеви на кои Андоновски малку и експериментира со составот, па нема голема загриженост дека Влатко може да биде сменет, освен што е непријатно да се губи во серија, нешто на што не се навикнати овие фудбалерки.

- Оглас -

Најнови вести