Проблеми со ковид-19 пред стартот на претсезоната во НБА

Ноќеска почнуваат претсезонските подготовки во НБА-лигата, а екипите наидоа на големи проблеми со корона-вирусот.

Имено, речиси 10% од кошаркарите, односно од вкупно 546 тестирани играчи, дури 48-мина од нив се позитивни на ковид-19 по последните тестирања.

Сите позитивни ќе бидат изолирани во наредните десетина дена, што значи дека ќе ги пропуштат подготовките. За да се вратат на тренинзи, нормално потребни ќе бидат два негативни теста.

Сезоната 2020/21 во НБА-лигата почнува на 22 декември, во којашто регуларниот дел ќе се комплетира по 72 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести