Идриза Геј е еден од клучните играчи во системот на игра на Марко Силва во Евертон, но раководството на „карамелите“ одлучи да му го продаде на Пари Сен Жермен, па поради протест, можно е да си замине и тренерот.
Силва и онака е под притисок постојано бидејќи од него очекуваа подобри резултати и пласман на Евертон во Премиер лигата, а сега треба да остане и без еден од клучните играчи во тимот.
Француските медиуми објавија двата клуба веќе се договориле и дека Идриза сигурно се сели во Париз како замена за повредениот Верати.
Сега на потег е Силва, кој се заканува со заминување.