Проблеми за Манчестер сити: Повредата на Де Бројне не е наивна

Манчестер сити и Пеп Гвардиола се соочуваат со сериозен проблем откако стана познато дека повредата на Кевин де Бројне не е наивна и тој ќе мора да паузира подолг период.

Сосема е извесно дека фудбалерот ќе мора да го пропушти стартот на следната сезона, но сепак нема да има потреба од хируршки зафат.

Белгискиот репрезентативец со сигурност ќе го пропушти натпреварот од Супер купот против Арсенал (6 август) и првото коло од Премиер лигата против Барнли (11 август).

За потсетување, Де Бројне заработи повреда во првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите против Интер.

- Оглас -

Најнови вести