Проблеми за Реал Мадрид пред гостувањето кај Леванте

Лука Модриќ се повреди и сигурно нема да игра на следниот меч за Реал Мадрид, а тоа е гостувањето кај Леванте. За утре се закажани дополнителни лекарски прегледи, по што ќе се знае колку е сериозна повредата и дали Хрватот ќе мора да паузира подолг период.

Освен без Модриќ, Реал ќе биде и без Тони Крос на дуелот против Леванте. Освен Реал, повредата на Модриќ го вклучи алармот и во репрезентацијата на Хрватска. Коцкестите во периодот од 1 до 7 септември ќе треба да одиграат три меча во квалификациите за Светското првенство и тоа против Русија, Словачка и Словенија. Гостувањето кај Русија е за помалку од две недели и ќе биде неизвесно дали Модриќ ќе биде подготвен за настап.

 

- Оглас -

Најнови вести