Продаваше софа за дополнителна заработувачка, а сега игра во Ливерпул

Во последниот ден од преодниот рок Ливерпул во своите редови го доведе дефанзивецот Бен Дејвис од Престон. За доведувањето на 25-годишниот централен бек Ливерпул плати околу два милиони евра и го обезбеди потписот на кариерата.

Со облекувањето на дресот на Ливерпул, Дејвис сигурно си ги реши и финансиските проблеми кои дефинитивно ги имал во минатото, што потврдуваат и неговите огласи. Дејвис преку својот твитер-профил неодамна огласил дека продава софа.

„Дали некој сака да купи аголна софа? Во одлична состојба е и многу малку користена. Заинтересираните нека ме контактираат“, напишал Дејвис во огласот.

Тоа не останало незабележано и од фановите на Ливерпул, па еден од нив го интересираше дали софата е продадена.

„Некој ја купи софата. Некој со кој играв во Саутпорт. Ми се јави и ја купи. Ја доби за добра цена“, искоментира Дејвис по поставеното прашање околу „судбината“ на софата.

 

- Оглас -

Најнови вести