В понеделник, 13 ноември, ќе започне продажбата на билети за фудбалскиот натпревар Македонија – Англија кој ќе се игра на 20 ноември, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, од квалификациите за ЕП 2024.
Цените на влезниците ќе бидат 400 и 600 денари.
Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Задолжителна е влезница и за деца, без оглед на нивната возраст.
Ова се цените по блокови:
Северна трибина
Блок 13 и 19 400 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари
Јужна трибина
Блок 1 и 6 400 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19 и 20 ноември од 10 до 18 часот.
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики