Продолжува борбата за титулата: Пелистер лесно против Бутел, Алкалоид победнички низ Кавадарци

Со три натпревари кои се одиграа вечерва, беше комплетирано осмото коло од ракометната Супер лига. Колото го отворија Пролет и Вардар, дуел на кој победата им припадна на „црвено-црните“ со минимални 20-21, а вечерва победа забележа и лидерот Еурофарм Пелистер, кој не дозволи кикс на домашен терен и беше сигурен со 30-22 против Бутел.

Со тоа разликата помеѓу вечните ривали останува два бода во корист на битолчани. Значајна победа во битката за пласман во Европа забележаа ракометатирте на Алкалоид, кои победија со 23-28 на жешкото гостување кај кавадаречки Тиквеш.

Уште еден кандидат за излез во ракометна Европа, Охрид, успеа да победи на гостински терен, и тоа во езерското дерби против Струга со 21-24.

Табела: 1. Еурофарм Пелистер 26, 2. Вардар 24, 3. Охрид 23, 4. Алкалоид 21, 5. Тиквеш 16, 6. Пролет 6, 7. Бутел 4, 8. Струга 0.

- Оглас -

Најнови вести