Продолжува доминацијата на Ферстапен, само еден свиок му беше потребен за прво место

Макс Ферстапен е победник на спринт трката на ГН на Бразил која вечерва се возеше за патеката Интерлагос. Холандскиот возач иако тргна од втората позиција, веднаш позади Ландо Норис кој ја освои пол-позицијата за спринтот, сепак, уште на првиот свиок го презеде водството и не го испушти до крајот од трката.

На подиумот покрај Ферстапен се најдоа и Норис кој заврши како втор, и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес.

Во бодови завршија и Расел, Леклер, Цунода, Хамилтон и Саинц. Главната трка за ГН на Бразил се вози утре во 18 часот по македонско време.

https://twitter.com/F1/status/1720881479402860733

- Оглас -

Најнови вести