Продолжува хаосот во Формула 1: Откажана и ГН на Франција

Новата сезона во Формула 1 требаше да стартува кон средината на март со трката за Големата награда на Австралија. Меѓутоа, и најбрзиот спортски циркуз не ја избегна пандемијата со корона-вирусот, па следуваа неколку откажувања на трки и остана непознато кога сезоната ќе почне и како ќе изгледа календарот.

Се надеваа дека сезоната ќе почне на 28 јуни, со трката за Големата награда на Франција, меѓутоа и тоа Гран при се откажа. По ГН на Австралија, се одложија трките во Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан, Канада и Монако, додека француското Гран при е десетта откажана трка.

- Оглас -

Најнови вести