Продолжува хоророт за Шалке 04 – Заврши сезоната и за капитенот

Шалке 04 остана без половина тим за многу важниот меч против Унион Берлин што ќе го игра задутре на гостински терен.

Хоророт за тимот од Гелзенкирхен продолжува по кам-бекот на Бундеслигата на 16. мај, а не се зне што е полошо во таборот на популарните Рудари од Рур.

Серијата од 12 меча без победа е болна за клубот што имаше европски амбиции, а сега на тоа се надоврзаа и серијата повреди.

Капитенот Омар Маскарел, кој не играше на последните 7 меча поради повреда, беше најавуван како засилување во финишот на сезоната, но кам-бек ќе нема. Шпанецот ја обнови повредата на адукторот и за него сезоната е завршена.

Надвор од строј е и најдобриот стрелец на Шалке, Суат Сердар за кого исто така сезоната е завршена. На Копеник во Берлин не отпатуваа ниту Амине Харит, Жан-Клер Тодибо и Вестон Мек Кени.

Харит е повреден, Тодибо е отстранет од тимот, а Мек Кени има жолти картони. Ова е голем хендикеп за Шалке 04, тим кој ја има најдолгата актуелна серија без триуф во Биндеслигата што трае веќе 12 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести