Проект како ќе изгледа новиот „Камп Ноу“ вреден 900 милиони евра (фото)

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го започна проектот „Еспаи Барса“, вреден една и пол милијарда евра. Каталонскиот гигант го зголеми вкупниот долг на 1,35 милијарди евра, но тоа очигледно не е проблем да се започне со вложување за реновирање на стадионот „Камп Ноу“.

Челниците на Барселона веруваат дека овој проект ќе им биде исплатлив и дека во иднина ќе носи многу пари на клубот. Рекнструкцијата на стадионот се проценува на околу 900 милиони евра, а остатокот од парите ќе бидат потрошени за нова сала која треба да има капацитет од 12.500 гледачи.

Реновираниот „Камп Ноу“ би требало да има капацитет од 105.000 гледачи, а доколку Собранието го одобри овој проект, изградбата ќе треба да започне следното лето и да биде готов до 2025 година.

 

- Оглас -

Најнови вести