„Професорот Пекмен“ ќе му одржи лекција на ученикот Кит Турман?

Борбата помеѓу легендата Мани Пакјао од Филипини и Американецот Кит Турман кој не знае за пораз во кариерата (29 победи, од кои 22 со нокаут) ќе биде во центарот на вниманието вечерва во боксерската јавност. Мечот е закажан за вечерва после полноќ по средноевропско време, и ќе се одвива во Лас Вегас.

Турман е помлад за една декада, посилен е и побрз, но 40-годишниот Пакјао има шанса како шампион во супер-велтер категоријата замине во пензија. Тој во кариерата има 61 победа, од кои 39 со нокаут, но има и седум порази. Сепак, тој е фаворит кај обложувалниците и неговиот тренер Фреди Роуч, кажа зошто.

„Ќе имаме испитна сесија во Лас Вегас. Се надевам дека Турман учел и добро се подготвил за испитот, бидејќи професорот Мани дава многу тешки задачи во тестовите“ – рече Роуч.

Проблем за Турман е што две години беше речиси неактивен, поради повреди отсуствуваше 22 месеци, и не се знае дали е подготвен за врвни пресметки како оваа со легендата.

„На Мани ќе му го направам тоа што тој му го направи на Оскар Де ла Хоја во 2008 година“ – се закани Турман.

- Оглас -

Најнови вести