Тепањето со перници од спалните соби се сели во ринг. Во САД е промовиран новиот боречки спорт, а „ПФЦ“ (Pillow fighting championship), каде што наместо ракавици, борците имаат перници, ги прослави и првите шампиони кои заработија по 5.000 долари.
На настанот во Мајами се одржаа тепачки со перници во машка и женска конкуренција. Прв машки шампион е Холи Тилман, а кај жените шампионка е Бразилката Истела Нунес.

Во овие тепачки нема летање пердуви, перниците се специјално изработени и иако има сериозни удари со нив, нема крв и потешки повреди.
Погледнете како изгледаше „млатењето“ со перници:

