Прогноза пред СП: Македонија ќе го освои Президент куп на Мундијалот!

Специјализираниот сајт за ракомет Handball-Planet традиционално пред секое големо натпреварување прави список со таканаречен „рејтинг на силата“ на учесниците кои се дел од турнирот. Мундијалот од денеска до 29 јануари ќе се игра во Полска и Шведска, а направеното рангирање покажува дека не треба да се очекуваат големи изненадувања.

Како прв фаворит за златото на СП се издвојува Данска, пред Франција, Шведска и Шпанија, селекции за кои се смета дека ќе играат во полуфиналето. Според рангирањето, во Топ 10 на Мундијалот треба да има место и за Исланд, Хрватска, Норвешка, Германија, Египет и Србија.

Што се однесува до Македонија, според ова рангирање, прогнозата е дека Македонија нема да ја помине групата во која сме со Норвешка, Холандија и Аргентина. Се очекува нашата селекција да заврши последна во групата и да игра со останатите седум последнопасирани селекции во Президент куп. Во една таква конкуренција на најслабите осум на турнирот, Македонија се очекува да биде најдобра, односно да го освои Президент куп, што значи дека би завршила на 25-тото место на Мундијалот.

Рангирањето на Handball-Planet може да го видите ТУКА.

Во Sport Life имате одлични игри и понуда за прогнозирање околу пласманот на сите репрезентации, како и тоа кои национални тимови ќе поминат во следната фаза и на кое место ќе завршат во првата групна фаза.

- Оглас -

Најнови вести