Прогнозерите беа супер на европските мечеви, паднаа на јужноамериканските испити

Учесниците во осмото коло на Спортска прогноза кое се уште е во тек беа одлични со познавањето на европскиот фудбал, но паднаа на јужномариканските испити.

Интересно е што по пет одиграни дуели во европскиуте квалификации за настап на Мундијалот имаше над 50 прогнозери со сите погодени исходи на натпреварите, но потоа следеа изненадувањата во Јужна Америка.

Боливија го изненади Перу, исто како и Венецуела во дуелот со Еквадор, Бразил не победи и тие три дуели беа одлучувачки да нема кандидат со максимален број на 10 погодени натпревари.

Сепак колото е се уште во тек, има уште три меча и доста кандидати за ваучери од 1.000 и 500 денари во Sport Life.

Блиску до илјадарката е Владо С. кој погоди 9 натпревари, а го промаши само „иксот“ на дуелот меѓу Венецуела и Еквадор, меч што заврши со победа од 2:1 на домаќините.

Сега за ваучер од 1.000 денари што го доделува Sport Life му требаат победи на Кипар против Малта и на Норвешка против Црна Гора и изнанадување во Скопје. Мечот меѓу Македонија и Германија му е типуван со реми, па сите ќе навиваме за ваучер од 1.000 денари за Владо, што би значело дека нашата репрезентација ќе освои бод против гигантот.

Уште 14 прогнозери се во трка за ваучер од 500 денари, бидејќи имаат по 8 погодоци, односно по две утки, па им требаат прецизни прогнози на преостанатите три меча за вредни награди во Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести