Прогнозерите го кажаа своето: Ѕвезда и Јуве се „кецови“, неизвесно ќе биде на „Бернабеу“

Тековното 25-то коло на Спортска прогноза веројатно е најинтересно досега бидејќи во него има три големи дербија. На 500 километри од нашиот главен град се игра големото градско дерби меѓу вечните ривали Црвена ѕвезда и Партизан, а дуелот на „Рајко Митиќ“ е прв од трите дербија кои се предвидени за неделната програма.

Досега 66 отсто од прогнозерите се потпреа на Црвено-белите, односно сметаат дека Ѕвезда ќе слави во дербито. Тоа важи и за најголемото италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер, кое ќе се игра во Торино. Иако постои опција дербито да се одложи поради страв од коронавирусот, засега се знае дека тоа ќе се одржи пред празни трибини, но недостатокот на бучава од седиштата нема да им попречи на Бјанконерите да победат, како што тврдат 55 отсто од прогнозерите.

Шлагот на тортата е „Ел Класико“, второ за оваа сезона. Најголемото клупско дерби во недела навечер ќе го привлече вниманието, шпанскиот првак Барселона гостува на „Сантијаго Бернабеу“, каде што треба да ја украде победата од Реал Мадрид за да ја зголеми бодовната предност во трката за шампионската титула – или барем така веруваат 34,8% од прогнозерите. За два отсто повеќето прогнозерите сметаат победа на гостите, додека по 32 отсто се надеваат на победа на Реал, односно реми.

Доколку не се одиграат мечевите во италијанската Серија А кои се на понудата на Спортска прогноза, веднаш се активираат резервните парови. Така беше и во претходното коло, што значи дека секогаш треба да прогнозирате и на тие две средби, кои секако влегуваат и во бројката на погодени за Генерален пласман.

Ако има повеќе од две одложени средби, односно не се исполни кворумот за 13 парови, „Среќна 13-ка“ и трката за освојување мобилен телефон „ајфон“ нема да се важат во тековното коло, додека остануваат подароците за вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари за најдобрите кои имаат еден или два утнати пара. Секако, остануваат и освоените бодови во Генералниот пласман.

Се надеваме дека Коронавирусот нема да направи проблеми на мечевите во најсилните лиги.

- Оглас -

Најнови вести