Прогнозерите им веруваат на Јувентус, Ливерпул и Милан, го отпишуваат Порто

Третото коло од седмата сезона на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life и Спортманија носи неколку дерби-натпревари, а на еден ден пред затворањето на типувањето веќе се кристализираат фаворитите на мнозинството.

На прогнозерите кои веќе го кажаа своето мислење, нивни главни фаворити се Јувентус против Рома, Б. Менхенгладбах против Бохум и ПСЖ против Лил, а многумина веруваат и во триумф на Евертон над Борнмут, на Спортинг против Порто. Над половина типуваат и на Милан против Лацио и на Ливерпул против Манчестер јунајтед.

Оние кои сè уште немаат пополнето Спортска прогноза, имаат шанса да го сторат тоа до сабота во 15.30 часот.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести