Прогнозерите имаат фаворити на повеќето мечеви, можеби ова е колото кое ќе донесе 13-ка

Не остана уште премногу време за размислување што да се типува на паровите од 29-тото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза, но доволно е за да се пронајдат вистинските прогнози кои можеби ќе ја донесат првата 13-ка и премијата.

Сабота (утре) во 15 часот, кога почнува мечот Милан – Лацио, е крајниот термин до кој може да прогнозирате и да чекате награда.

Веќе се наѕираат и некои од „сигуриците“ за овој викенд според прогнозите на мнозинството играчи кои веќе се изјасниле.

Во победа на Милан над Лацио веруваат високи 74,42% од прогнозерите. Што се однесува до другото римско-миланско дерби, Рома – Интер, тука половина прогнозери веруваат во нерешено, а другата половина се поделени за кец или двојка. Треба да се знае дека ова се и генерални проби за Интер и Милан пред меѓусебниот дуел в среда од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Најголема поделеност има кај мечот Хофенхајм – Ајнтрахт. Во моментов за сите три опции (единица, икс и двојка) има прогнозирано од 30 до 37 проценти.

Прогнозерот со 13 погодени натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X)

За 12-ка се добива ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за две утки и 11 погодени натпревари се добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести