Прогнозерите „летаат“ со 100-ка коефициент од седумте меча

Седум меча остануваат во денешната понуда на Спортска прогноза, а повеќе од 2.000 прогнозери ги дадоа своите фиксови за овие средби. Интересно е дека на дури пет од седумте средби, прогнозерите имаат фаворит за победа на кој му даваат над 60 отсто шанси за победа.

Возбудувањата ќе започнат од 15 часот со дуелите Монпелје – Ремс и Монца – Салернитана. На двата меча домаќините се фаворити. Во победа на Монпелје веруваат дури 78 отсто од прогнозерите, додека „Кец“ на Монца чекаат 63 отсто.

Ајнтрахт гостува кај Мајнц, а безмалку 70 отсто веруваат дека тимот од Франкфурт ќе ги освои трите бода. Стразбур го пречекува Лориен и 63 отсто веруваат во победа на домаќините.

Најголеми дилеми околу победникот има на два меча и тоа, Фрајбург – Унион Берлин и Монако – Марсеј. Фрајбург на свој терен не би требало да загуби од Унион Берлин, затоа што помалку од 20 отсто играат на „двојка“. Слична е ситуацијата и на мечот во Франција, каде за победа на Марсеј нема ни 20 отсто од прогнозите, што значи двознак со 1Х на овие два меча е оптимална игра.

Возбудувањата за ова коло ќе завршат во Торино каде Јувентус е домаќин на Лацио. Старата дама има пет победи по ред и оптимизмот е дека ќе се радува и против гостите од Рим. Дури 72 отсто очекуваат победа на Јувентус во ова дерби.

Ако го одиграте тикетот според процентите на прогнозерите, добивате вкупна квота од точно 100-ка, што значи дека за само 20 вложен денари добивката може да изнесува 2.000 денари.

1707 Монпелје – Ремс                    1   2.55

3006 Монца – Салернитана            1   2.20

1808 Мајнц – Ајнтрахт                   2    2.30

1709 Стразбур – Лориен                1    2.20

1809 Фрајбург – Унион Берлин      1X   1.25

1710 Монако – Марсеј                   1X   1.36

3010 Јувентус – Лацио                   1    2.08

———————————————————

Вкупен коефициент        100.37

- Оглас -

Најнови вести