Прогнозерите направија тикет со коефициент 252, немало „полуд“ пар од англиското дерби!

Од вкупно 2081 играчи на Спортска прогноза во 22. коло, останаа четворица мајстори кои имаат перфектни пет погодоци по саботните натпревари. Повеќе прогнозери има со по четири погодени, а интересно е што на денешните седум средби се очекува многу неизвесност.

На дуелите Беневенто – Сампдорија и Вулверхемптон – Лестер речиси исти се процентите за тоа дека гостите нема да загубат. Над 80 отсто веруваат дека нема шанси домаќините да победат, па тука е најубаво да се одиграат два двознаци „Х2“.

Со 60+ проценти се очекува победа на следните три средби кои се на денешната понуда. Удинезе на Илија Несторовски е фаворит против Верона, Ница е речиси сигурна за трите бода против Анже, а дербито од Примера меѓу Атлетик Билбао и Валенсија треба да припадне на домаќините.

Во ова коло го имаме и најизрамнетиот меч во досегашните три сезони на Спортска прогноза. Дуелот на последните два англиски прваци на „Енфилд роуд“ е со многу голема израмнетост, според прогнозерите. За победа на Ливерпул веруваат 32,92 отсто, славје на Манчестер сити очекуваат 32,58 отсто, додека за нерешено се 34,50 од прогнозерите, па ваше е да одлучите кој знак ќе го одиграте.

На седумте средби кои се денеска, вкупниот коефициент е 252, што значи дека само со 20 вложени денари, можната добивка е 5.041 денари. Навистина вреди да се одигра според изборот на играчите на Спортска прогноза.

3006 Беневенто – Сампдорија             Х2   1.40

1007 Вулверхемптон – Лестер             Х2    1.28

3008 Удинезе – Верона                           1    2.50

2844 Ница – Анже                                    1    2.75

1307 Атлетик Б. – Валенсија                  1    2.26

1008 Ливерпул – Манчестер сити         Х  3.55

1809 Арменија Б. – Вердер                     2   2.55

—————————————————————————–

Вкупен коефициент                     252

 

- Оглас -

Најнови вести