Прогнозерите немаат дилеми, Ливерпул ќе го преслуша Јунајтед

Помнаа 24 часа откако почна типувањето за новото петто коло сезонава од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а веќе се наѕираат фаворитите на мнозинството играчи кои веќе прогнозирале.

Во основната 13-ка има три дербија кои го привлекуваат вниманието, тоа се: Ливерпул – Манчестер јунајтед, Баерн Минхен – Борусија Дортмунд и Рома – Интер.

Голем број прогнозери веќе типуваа, а до сабота попладне може и да се менува доколку се премислите околу некоја прогноза. Од оние што досега се изјаснија, огромни 88,8 отсто типуваат победа на Баерн над Дортмунд, а исто така огромни 81,4 проценти сметаат дека Ливерпул ќе го совлада ривалот од Манчестер. Помалку од 10 проценти веруваат во победа на Рома, но поделеноста е голема меѓу оние што мислат дека ќе победи Интер и дека ќе биде нерешено.

Типувањето ќе биде отворено до сабота во 15 часот, кога започнува првиот натпревар од понудата, оној помеѓу Лече и Сасуоло.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести