Прогнозерите очекуваат гостинот да победи во големото дерби на главниот град на Германија

Големото градско дерби меѓу Херта и Унион Берлин ќе го означи стартот на 16.коло на Спортска прогноза на Sport Life. Преку 1.500 прогнозери досега ги дадоа своите типови, а точно две третини веруваат дека Унион Берлин ќе се радува во дербито на главнито град на Германија. Квотата за победа на гостите е преку два.

Освен овој меч, во терминот од 15:30 часот ќе играат и Емполи – Торино и Вердер – Волфсбург. За италијанскиот меч речиси 50 отсто очекуваа дека ќе биде нерешено, додека за германскиот пат, половина од прогнозерите типувале „двојка“.

Стандардно, во секое коло на Спортска прогноза има вкупно 13 парови на кои треба да се погоди конечниот „фикс“. За Среќна 13-ка, односно за сите погодени мечеви, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). За 12 погодоци се  добива ваучер од 1000 денари, а 500 денари ваучер следува за сите оние кои ќе имаат по 11 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести