Прогнозерите паднаа во германски стапици – Јубилејното коло на Спортска прогноза со една 11-ка

Јубилејното десетто коло од втората сезона на Спортска прогноза повторно не донесе максимален број погодоци од вкупно 1.324 учесници во играта, а најпроблематични беа двата германски дуели во Фрајбург и тој во Карлсруе.

Орлите од Франкфурт со пораз на „Шварцвалд арената“ ја грабнаа шансата за 13-ка бидејќи само 17 отсто од играчите во ова коло погодија дека домаќинот Фрајбург ќе победи.

Колото беше идеално за атак на „ајфонот“, кој се доделува за перфектни 13 погодоци, бидејќи имаше само една „нула“ од сите 13 понудени парови.

И таа се случи на последниот меч, вчера во германската Цвајта меѓу Карслруе и Ауе, а и тоа беше своевидна замка за прогнозерите бидејќи дури 83 отсто од вашите типови беа дека домаќинот Карлсруе ќе победи.

Најмногу погодоци во јубилејното коло имаше Никола С., точно 11, за што ќе добие награда ваучер во Sport Life во вредност од 500 денари.

Интересна станува и битката за врвот во Генералниот пласман, а лидер е Дејан Д. со вкупно 75 поени. Тука важат и поените од двата резервни пара, што исто така е важно прецизно да се погодат.

Во топ-5 по десет одиграни кола на Спортска прогноза, разликата од лидерот до петтопласираниот е само 4 поени, а има уште доста прогнозери што имаат шанса за главната премија ТВ Смарт од 48 инчи што ќе го добие шампионот во вкупен поредок во втората сезона на играта што станува сè попопуларна.

Денеска по 14 часот очекувајте ги двојките за новото коло, 11-то по ред, а сè што треба да направите е да имате СЛ картичка за да се приклучите на сè поголемиот број учесници во играта што е бесплатна и нуди можност за добра забава, неизвесност, а има и вредни награди.

Сè уште го очекуваме првиот прогнозер што ќе има максимален број погодоци во едно коло, а наградата е IPhone XS.

Затоа не двоумете се, извадете СЛ картичка во процедура што е едноставна и потоа приклучете се со свои прогнози. Никогаш не е доцна за да бидете наградени, а време за типување во новото коло ќе има од денеска по 14 часот, па сè до сабота.

 

- Оглас -

Најнови вести