Прогнозерите патриотски настроени: над 90 проценти типуваат победа на Македонија над Бугарија

Шестото коло на Спортска прогноза е необично, во понудата двапати ја има репрезентацијата на Македонија, а и останатите дуели се од Лигата на нациите во Европа и еден пријателски помеѓу неевропски селекции.

Прв пар на популарната Тринаесетка е Грузија – Македонија, што ќе се игра утре од 18 часот и до тој термин можете да типувате. Од тие што досега типувале, нешто повеќе се за двојка отколку за единица, а една четвртина се одлучиле за нерешено.

Затоа пак прогнозерите речиси и немаат дилеми што ќе направи Македонија в понеделник во Скопје против Бугарија. За триумф на Црвено-жолтите се изјасниле дури 92,6 проценти од играчите, а само 1,1 отсто типувале победа на нашиот источен сосед.

Во фокусот се и други дербија како Италија – Англија, Холандија – Белгија, и Англија – Германија, па и Шкотска – Ирска.

За перфектна прогноза, односно 13 погодени мечеви, ќе може да си одберете еден од трите подароци (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, или X Box Series X).

За 12-ка се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додекa за 11 погодени дуели, вредносниот ваучер е 500 денари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести