Коронавирусот направи хаос и на Спортска прогноза, но не се откажувајте!

Многуте одложени мечеви низ европските првенства направија хаос и во Спортска прогноза. Знаејќи дека италијанската Серија А нема да се игра, во ова коло не ви понудивме мечеви од Калчото, но проблемот се случи со средбите од шпанската Примера.

Иако првично беше одлучено мечевите во следното коло да се играат пред празни трибини, денеска стигна и официјална потврда дека во Шпанија се откажуваат сите фудбалски активности во следните две недели. Во нашата понуда на Спортска прогноза за ова коло на понудата беа мечевите Селта Виго – Вилјареал, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид и Севилја – Бетис. Кога веќе овие три средби нема да се играат, веднаш се активираат дуелите кои се како резерва.

Сепак, и со тие два меча од резервата, вкупниот број мечеви за ова коло е 12, што значи дека ќе нема шанса за борба за „Среќна 13-ка“ и освојување на мобилниот телефон  iPhone XS. Сепак, остканува борбата за 12 и 11 погодени кои носат вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари од Sport Life. Секако, тука е и борбата за Генерален пласман и затоа секој погоден пар е вреден.

Истанбул треба да биде во центарот на вниманието кога се работи за големо градско дерби. Галатасарај е домаќин на Бешикташ во дуелот меѓу двата истанбулски гиганти. Домаќинот е во трка за титулата, додека Бешикташ заостанува девет бода зад лидерот Трабзонспор и тешко дека може да го следи ритамот на најдобрите.

Според досега направените прогнози на повеќе од 500 играчи, Галатасарај е апсолутен фаворит за победа бидејќи во „кец“ веруваат над 80 отсто од прогнозерите.

Градско дерби ќе има и во Глазгов, каде што Ренџерс е домаќин на Селтик, а тука ситуацијата е многу понеизвесна. Речиси израмнет е процентот на оние кои веруваат во победа на домаќините и во нерешено. Голем е бројот и на оние кои очекуваат шампионот Селтик да слави на теренот на најлутиот противник.

Спортска прогноза е бесплатна игра и нема што да загубите, а единствено може да си добиете вредни подароци. Затоа прогнозирајте.

- Оглас -

Најнови вести