Прогнозерите се сигурни за дербито: 76% очекуваат триумф на Ливерпул

Големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед кое ќе се одигра во недела (17:30ч) е во фокусот во 19-тото коло на Спортска прогноза. Во третиот ден како прогнозирањето е достапно, голем дел од учесниците веруваат дека тимот на Јирген Клоп ќе продолжи со победничката низа во Премиер лигата.

Големите ривали вторпат сезонава ќе ги одмерат силите, откако минатата средба на „Олд трафорд“ не донесе победник при конечни 1-1.  Во изборот кој ќе го добие дербито меѓу двете најтрофејни англиски екипи, дури 76,2% од прогнозерите очекуваат Ливерпул да се радува по крајот на предвидените 90 минути.

Премиер лигата доминира и во ова коло со вкупно пет парови во основната програма, плус дуелот меѓу Арсенал и Шефилд јунајтед кој е еден од двата резервни пара. Време за вашите прогнози има доста, а последниот термин да го одиграте 19-тото коло на Спортска прогноза е до 15:30 часот во сабота, кога почнува дуелот од Бундеслигата меѓу Келн и Волфсбург.

Премија за секое коло е прекрасниот IPhone XS што го доделува Sport Life за погодени 13 парови. Секако, многу е важно да се погодат и резервните двојки, а поените се калкулираат во битката за Генералниот пласман. Тука подолг период лидер е Христијан Т. со 132 поени и мајсторски го чува врвот на табелата. Наградата за шампионот во Генерален пласман е ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе се додели по завршувањето на втората сезона на Спортската прогноза.

Не заборавајте да го одиграте 19-тото коло, наградите се подготвени, а и забавата со нашата бесплатна игра е загарантирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести