Прогнозерите се убедени во победи на Интер и Феенорд, а најмногу му веруваат на Бетис

За новото 17-то коло на Спортска прогноза може да типувате до утре до 14 часот, а во центарот на вниманието е градската пресметка на миланските Интер и Милан во популарното Дерби дела Мадонина.

Квотите се на страната на Нераѕирите, а и прогнозерите на Спортска прогноза исто размислуваат. Дури 72 отсто сметаат дека Интер ќе слави, додека верба во Милан имаат само 10 отсто.

Големо дерби ќе се игра и во холандската Ередивизија, каде што Феенорд го пречекува ПСВ Ајндховен. Во триумф на Феенорд веруваат 53 отсто, додека само 15 отсто сметаат дека ПСВ ќе победи.

Најголем фаворит за победа на прогнозерите е Бетис, за кого дури 88 отсто веруваат дека ќе ја победи Селта.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

Сè што ви треба за да бидете дел од Спортска прогноза е да имате СЛ картичка од Sport Life. И таа е бесплатна и лесно и многу брзо можете да ја добиете на сите шалтери на обложувалницата.

- Оглас -

Најнови вести