Новото десетто коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, а најголем интерес предизвикуваат римското „Дерби дела капитале“, како и мечот на Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано против лидерот во Ла Лига, Жирона.
Минатиот викенд Димитриевски ги излуде ѕвездите на Реал Мадрид и беше најзаслужен што неговиот Рајо Ваљекано одигра без голови на „Сантијаго Бернабеу“ и прогнозерите веруваат дека голманот на македонската репрезентација повторно нема да биде поразен, и тоа против лидерот на табелата.
Дека Рајо ќе слави, веруваат 36,25 отсто од прогнозерите, 34,70 отсто дека мечот ќе заврши без победник, а 29,05 отсто дека трите бода ќе ги освои Жирона.
Најголем дел од прогнозерите сметаат дека на „Дерби дела капитале“ нема да има победник. Дури 47,45 отсто се изјасниле дека мечот ќе заврши без победник, 30,50 отсто веруваат во победа на Лацио, а 21,95 отсто во триумф на Рома.
Бенфика е голем фаворит за триумф во градското дерби против Спортинг Лисабон и во нејзин триумф се убедени 65,30 отсто од прогнозерите.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.