Прогнозерите сметаат дека испадната Џенова ќе ја победи Болоња

Последното овосезонско, 36-то коло од Спортска прогноза веќе наголемо се типува, а прогнозерите за последен пат во оваа натпреварувачка година имаат шанса за подарок да го добијат прекрасниот „ајфон 12“.

Добро познатите 13 натпревари се потребни да се погодат за да се освои овој прекрасен телефон, а доколку има една утка, тогаш следува ваучер од 1.000 денари, а со две промашени средби, ваучер од 500 денари од Sport Life.

Првата средба од последната рунда е во сабота, од 17:15 часот, каде што „испаднатата“ Џенова ќе ја пречека Болоња. Некогашниот тим на Горан Пандев нема шанси за опстанок и од наредната сезона ќе игра во Серија Б, но и покрај тоа, огромен процент од играчите (73,83%) сметаат дека домаќините ќе се радуваат, додека во тимот на Синиша Михајловиќ веруваат само 14,77 отсто.

И покрај тоа што е последно коло, сè уште не е доцна да се вклучите во ова натпреварување во организација на Sport Life и Спорт Манија. Сè што треба да направите е да поседувате SL картичка, за којашто можете да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести