Прогнозерите составија добитен тикет, кој уплати, добро ќе си заработи

Вчерашниот тикет „составен“ од играчите на Спортска прогноза е добитен. Шесте меча кои се одиграа во неделниот термин, излегоа токму според размислувањата и типувањата на најголем дел од играчите на бесплатната игра во Sport Life.

Хетафе лесно со 4:0 го победи Кадиз, Мец и Бордо одиграа возбудлив меч кој на крајот заврши нерешено 3:3, Сампдорија на гости со 2:0 ја победи Салернитана, а Интер со 3:2 славеше во дербито против Наполи. Бетис немаше проблеми на гости кај Елче и беше подобар со 3:0, додека последниот меч од тикетот на прогнозерите не се одигра. Дербито меѓу Лион и Марсеј е прекинато поради дивеењето на домашните фанови, а туку прогнозата беше двознак за 1Х.

Вкупниот коефициент што го направија овие шест меча изнесуваше точно 60, па тој што реши да уплати, добро си заработи.

Инаку, во ова коло дури шестмина прогнозери досега имаат 11 погодоци, а над 45 играчи се со 10 погодоци во пресрет на денешниот последен меч од ова коло помеѓу Верона и Емполи. Над 86 отсто од прогнозерите очекуваат Верона вечерва да ги освои трите бода на свој терен. Квотата за „кец“ на овој меч е одлична.

- Оглас -

Најнови вести