Прогнозерите советуваат: За добитен тикет почнете со реми во Ла Лига

Почеток со „икс“ на мечот од Ла Лига меѓу Еибар и Бетис и финиш со победа на Елиф Елмас и Наполи на жешкиот Мараси против Сампдорија е советот за добитен тикет во Sport Life на нашите прогнозери кои типуваа во 21. коло на Спортската прогноза.

Останаа уште 8 натпревари кои се на програмата на тековното коло на нашата бесплатна игра и ако ги послушате советите на точно 1.330 прогнозери според процентот на типови на единица, нула, или двојка тогаш можете да направите тикет со коефициент од 827.15. Секако можете и да си направите комбинација, или систем(и) по свој избор од овие 8 двојки.

Интересно е што асполутен рекордер со највисок процент на типувања од овие 8 двојки е Арсенал, а дека топчиите ќе го победат Барнли, денеска од 15 часот прогнозираат дури 83.6 посто.

И победата на Атлетик во Билбао против Хетафе е извесна, според советот на учесниците во нашата бесплатна игра со многу вредни награди. Дури 80 посто очекуваат публиката на „Сан Мамеш“ да се радува на триумф на своите миленици.

Покрај нулата на Еибар – Бетис прогнозата е дека денеска нема да има победник ниту на дуелот меѓу Мец и Сент Етјен во Лига 1 во Франција.

За крај следи вечерна програма со две двојки за денеска на дуелите меѓу Тотенхем и Манчестер сити, односно Лече и Торино, а и за утре прогнозата за дуелот меѓу Сампдорија и Наполи е дека Елмас и соиграчите ќе бидат подобри на „Луиџи Ферарис“ во Џенова.

Одиграјте според советите на нашите прогнозери и вклучете се во Спортската прогноза од следното 22. коло, со нови фудбалски двојки.

 

Тикет во Sport Life според прогнозите и советите на учесниците во 21. коло на Спортска прогноза:

Недела, 14 часот Еибар – Бетис Х (3.25)

Недела, 15 часот Ница – Лион 2 (2.18)

Недела, 15 часот Барнли – Арсенал 2 (2.25) Супер тип на Sport Life

Недела, 16 часот Атлетик Билбао – Хетафе 1 (2.60)

Недела, 17 часот Мец – Сент Етјен Х (2.90)

Недела, 17.30 часот Тотенхем – Манчестер сити 2 (1.60)

Недела, 18 часот Лече – Торино 2 (2.30)

Понеделник, 20.45 часот Сампдорија – Наполи 2 (1.87)

 

ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ: 827.15

 

 

- Оглас -

Најнови вести