Прогнозерите веќе имаат неколку фаворити во новото коло на Спортска прогноза, имате рок до сабота да се приклучите со прогнозите

Новото 18-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви, а освен натпреварите од петте најсилни европски лиги, тука е и големото португалско дерби меѓу Спортинг и Порто.

Прогнозерите веќе имаат свои фаворити меѓу 13-те натпревари и двата резервни дуела, најмногу веруваат во победа на Монпелје над Брест. Дури 85,99 отсто од прогнозерите сметаат дека домаќинот ќе слави.

Голем е процентот и за победа на Олимпик Лион над Ленс (76,77 отсто), на Баер Леверкузен над Хофенхајм (71,30 отсто), на Бетис над Алмерија (75,51 отсто).
Во португалското дерби прогнозерите се поделени, 41,57 отсто веруваат во победа на Порто, додека 43 отсто сметаат дека нема да има победник.

Во најинтересниот натпревар од Серија А, Лацио, кој ја пречекува Аталанта во битка за позициите кои носат во Лигата на шампионите, не би требало да загуби. Дури 46,81 отсто од прогнозерите сметаат дека Лацијалите ќе слават, додека во триумф на Аталанта веруваат само 15,60 отсто.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести