Прогнозерите веќе одбраа фаворити за последното коло, приклучете им се до 17.15 часот во трка за „ајфон12“

Учесниците во бесплатната и забавна игра на Спортска прогноза веќе се загреваат за последното коло во четвртата сезона, што ќе почне со натпревари од 17.15 часот денеска и до тој термин можете да се приклучите со свои прогнози.

Се уште е во игра топ-наградата „ајфон12“ што се добива за погодени 13 натпревари, па сега е последна шанса во овој циклус да се стаса до прекрасниот мобилен телефон.

Стандардно Sport Life ги наградува и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодени натпревари ви следува ваучер од 500 денари.

Посебен мотив во последното коло имаат најдобрите прогнозери во оваа сезона, а се чека и шампионот во ова издание.

Наградата е ТВ Смарт од 48 инчи што ќе ја добие најдобриот прогнзер во четвртата сезона на Спортска прогноза.

Награди и тоа одлични ќе добијат и останатите што ќе бидат во Топ-5 по завршувањето на ова коло, кое е последно и супер интересно со сите 13 натпревари и два резервни пара од Топ-5 лигите во Европа.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести