Прогнозерите веруваат дека Челзи нема да изгуби во дербито против Манчестер сити

Екипите на Челзи и Манчестер сити го отвораат новото, шесто коло на Спортска прогноза, кое изобилува со дерби-натпревари, а во фокусот, секако, е прекрасниот „ајфон 12“.

Прогнозерите веруваат дека Челзи нема да изгуби на овој меч, а интересно е што речиси идентичен е процентот (39%) којшто смета дека Сините од Лондон ќе ги задржат бодовите на својот стадион.

Сепак, 20 проценти сметаат дека не смее да се отпише актуелниот првак на Англија, кој предводен од Пеп Гвардиола, знае како се „покоруваат“ терените во оваа држава.

Правилата се познати, „ајфонот“ може да го освои тој што ќе биде најуспешен прогнозер во колото со погодени сите 13 натпревари, доколу пак промашите еден пар, ќе добиете ваучер од 1000, а со два „утнати“ пара ќе освоите ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман, пак, по пет одиграни кола, во водство е М. Милан со 46 поени, пред С. Методи и Ј. Богољуб, коишто имаат по 45. Главниот подарок по крајот на оваа сезона е Смарт ТВ од 48 инчи.

Учеството во играта е бесплатно, а сè што ви е потребно е да бидете прогнозер на Спортска прогноза во организација на Sport Life и нашиот портал и да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може во експресен рок да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести