Во 24-тото коло на Спортска прогноза, учествуваа 2.138 играчи, а четворица ги имаат погодено сите пет саботни натпревари, и остануваат во игра за добивање на премијата, „Ајфон 11“. За денеска, во основната понуда од 13 парови на бесплатната Спортска прогноза, има седум парови, а ако уплатите тикет со фиксови како мнозинството прогнозери кои типуваа во ова коло, тогаш може да добиете голема сума на пари.
Вкупната квота која ја предлагаат најголем дел од прогнозерите за денешните седум меча, е 491,8. Ако верувате во мнозинството прогнозери, тогаш нема дилеми, треба да се уплати тикет во обложувалниците Sport Life.
Најчист фикс кој го нудат 72,5 проценти од играчите, е двојката на Манчестер сити против Арсенал, и триумф на Хофенхајм над Вердер, нешто што го типувале 76,3 отсто од прогнозерите.
Нерешен исход е најверојатната опција за дербито Милан – Интер. На овој меч, 40 отсто прогнозери типувале на реми, а нешто помалку луѓе се определиле за единица или двојка. Победа на гостите треба да има и на дуелите Вест Хем – Тотенхем (60,5 проценти се изјасниле така) и Астон Вила – Лестер, како што веруваат 44,8 проценти.
Над половината, поточно 57,4 отсто, сметаат дека Аталанта ќе го победи Наполи, а во нерешено најмногу прогнозери (47,8 проценти) веруваат и за пресметката на Атлетик Билбао со Вилјареал.
Кога сите фиксови ќе се претворат во квоти, се доаѓа до феноменални 491,8. Ако му верувате на мнозинството, ова е замислениот тикет кој го предлагаат прогнозерите:
Вест Хем – Тотенхем 2
Астон Вила – Лестер 2
Милан – Интер Х
Арсенал – Манчестер сити 2
Аталанта – Наполи 1
Хофенхамј – Вердер 1
Атлетик Билбао – Вилјареал Х