Прогнозерите викендов беа во форма, седуммина освоија ваучери од Sport Life

Седуммина прогнозери кои учествуваа во 22-рото коло на Спортска прогноза погодија по 11 од 13-те парови, па ќе добијат вредносен ваучер од 500 денари, кој ќе може да го искористат во Sport Life. Ремито на Леванте против Гранада изненади многумина, а и резултатите на манчестерските тимови (77,8 отсто веруваа дека Јунајтед ќе го совлада Евертон, а само 32,5 отсто типуваа победа на Сити кај Ливерпул).

Мартин С., Драган П., Дамјан С., Оливер Ј., Христијан Д., Илија Н. и Атанас Т. беа најуспешни меѓу оние над 2.000 прогнозери кои типуваа на 13-те меча од основната понуда и двата резервни, од кои едниот се сметаше како основен бидејќи мечот од Среќна 13-ка помеѓу Арминија и Вердер беше одложен. Ваучер за малку им побегна на 24-ица прогнозери кои погодија по десет исходи.

Во Генералниот пласман, водечкиот Селим Ш. малку се одлепи на врвот и има 152 поени, три повеќе од Васе П., Здравко К. и Андреа А. Сепак, до крајот на сезоната уште има многу и битката за наградите ќе трае до самиот финиш. Затоа редовноста во оваа бесплатна игра е многу важна.

- Оглас -

Најнови вести