Прогнозерскиот тикет носи квота за мерак

Во второто коло на Спортска прогноза останаа да се доиграат уште осум натпревари, а според прогнозите на повеќе од 1050 учесници во бесплатна игра на Sport Life и Спорт Манија, може да се состави тикет со неверојатна квота од 425.

Тикетот се базира врз мнозинството прогнози на преостанатите парови, во кој се очекува победи на домаќините во четири меча, три за гостите и евентуално реми во англиското дерби меѓу Челзи и Ливерпул.

Прогнозерите се сигурни дека на „Стемфорд бриџ“ ќе се поделат бодовите, а апсолутни победи се очекуваат на Јувентус против Сампдорија, односно на Манчестер сити на гости кај Вулверхемптон. Ако сè оди спорд планот, триумфи на домашен терен треба да обезбедат Сасуоло, Марсеј и Бетис, додека Тотенхем и Леверкузен ќе слават на гости кај Саутхемптон, односно Волфсбург.

Саутхемптон – Тотенхем 2 (2.45)
Челзи – Ливерпул Х (3.65)
Волфсбург – Б. Леверкузен 2 (2.45)
Сасуоло – Калјари 1 (2.00)
Јувентус – Сампродија 1 (1.31)
О. Марсеј – Лил 1 (2.45)
Р. Бетис – Валјадолид 1 (1.95)
Вулверхемптон – Манчестер сити 2 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести