Проклетството на Рома нема крај, Ѕаниоло е 18-ти со скинати лигаменти за пет години

Николо Ѕаниоло има скинати предни вкрстени лигаменти во десното колено, а фудбалерот на Рома повредата ја здоби синоќа во 33-тата минута на дуелот со Јувентус од Серија А и за него сезонава е завршена. Еден од најдобрите млади италијански играчи нема да може да игра ниту на Европското првенство. Тој денеска ќе биде опериран во римската клиника Стјуарт.

Симптоматично е што Рома е клуб чии фудбалери во последните пет години многу често страдаат од кинење на предните вкрстени лигаменти во коленото, повреда која може да се санира само со операција, а по операцијата следува рехабилитација од минимум шест, а честопати и повеќе месеци.

Ѕаниоло е дури 18-ти член на Рома во последните пет сезони кој настрада од ваква повреда.

- Оглас -

Најнови вести